Во индустриската зона „Раброво“ во саботата беа отворени новите погони на текстилната компанија „Докатекстил“, со што се заокружи инвестицијата вредна 2,5 милиони евра. Пред една година ги отворивме првите погони на ’Докатекстил‘ и се овозможи вработување на 250 лица. Сега сме повторно тука за нов погон што ќе овозможи работа за уште 100 лица, 100 семејства ќе бидат згрижени и ќе можат да имаат подобар живот. Тоа покажува дека напорите на Владата на локално и на централно ниво, но и добрите инвеститори резултираат со вистински решенија, нови инвестиции и нови работни места. Тој потсети дека Владата им помага на инвеститорите преку ниски даноци, ослободување од даноци на добивка и откуп на земјиштето по цена од едно евро. Инвеститорот Тони Пандев најави дека ќе продолжи да инвестира во едукација на вработените и во модернизирање на опремата.
Во индустриската зона „Раброво“ во саботата беа отворени новите погони на текстилната компанија „Докатекстил“, со што се заокружи инвестицијата вредна 2,5 милиони евра.
„Пред една година ги отворивме првите погони на ’Докатекстил‘ и се овозможи вработување на 250 лица. Сега сме повторно тука за нов погон што ќе овозможи работа за уште 100 лица, 100 семејства ќе бидат згрижени и ќе можат да имаат подобар живот. Тоа покажува дека напорите на Владата на локално и на централно ниво, но и добрите инвеститори резултираат со вистински решенија, нови инвестиции и нови работни места“, рече министерот за финансии, Зоран Ставрески.
Тој потсети дека Владата им помага на инвеститорите преку ниски даноци, ослободување од даноци на добивка и откуп на земјиштето по цена од едно евро.
Инвеститорот Тони Пандев најави дека ќе продолжи да инвестира во едукација на вработените и во модернизирање на опремата.
Според градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски, индустриската зона „Раброво“ е капитален проект на општината, која моментно се бори со невработеноста и дека „Докатекстил“ дава голем придонес во борбата за подобра иднина.